Свет
Пентагон: Кина обучува воени пилоти за напад на САД
Кина активно развива флота бомбардери со голем дострел, а веројатно обучува и воени пилоти за напади врз САД, се вели во најновиот извештај на Пентагон, пренесува Си-ен-ен.
„Во последните три години Народноослободителната армија на Кина бргу ги прошири операциите со бомбардери и стекна искуство за воени дејства во поморски региони. Армијата, најверојатно, спроведува вежби за напади врз САД и нашите сојузници“, се вели во годишниот извештај на Пентагон во врска со воениот развој на Кина.
Пентагон исто така навдува дека Кина ги развива нуклеарните способности кај бомбардерите со голем дострел, односно дека кинеските воздухопловни сили добиле нова нуклеарна мисија.
„Користењето бомбардери способни за носење нуклеарно оружје првпат би и обезбедило на Кина нуклеарна тријада на копно, море и во воздух“, се вели во извештајот.
Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, модернизацијата на армијата ја објави како една од најзначајните активности на земјата, заедно со борбата против корупцијата. Во извештајот на Пентагон се наведува дека кинеската армија во моментот е во процес на најголемо реконструирање во својата историја за да може да се бори и во заеднички операции.
Според извештајот објавен во четвртокот, Кина развива стратешки нуклеарни бомбардери со голем дострел, кои би можеле да станат функционални во следните 10 години.
Кинеските бомбардери со способност да носат нуклеарно оружје, „Х-6К“, во мај првпат слетаа на еден од вештачките воени острови во Јужното Кинеско Море.
Пентагон исто така наведува дека Кина развива способности на војување во вселената. Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна најави создавање американски вселенски сили и рече дека универзумот станал нова област за војување како копното, воздухот и морињата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дел од вулкан се заканува да се урне и да предизвика цунами: во тек голема евакуација во Индонезија
Жителите што живеат на индонезискиот остров Сулавеси денеска се евакуирани поради опасност од ширење пепел, исфрлање карпи, жежок вулкански облак и потенцијално цунами, пренесе АП.
Властите наредија повеќе од 11.000 луѓе да ги напуштат своите домови, но досега тоа го направиле само околу 1.000 луѓе.
Indonesia volcano erupts, prompting local evacuations
📹: FRANCE 24 English
💻: Tan Wee Guan
🎶: Envato#borneobulletin #southeastasia #asean #sulawesi #Indonesia #mountruang #volcano #erupts #prompting #local #evacuations #video #viral pic.twitter.com/ytfqTkjqKm— Borneo Bulletin (@borneo_bulletin) April 19, 2024
Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој се наоѓа на помалку од 100 километри од вулканот Маунт Руанг, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.
Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажуваат дека пепелта се проширила на запад, северозапад, североисток и на југоисток покривајќи ги Манадо и Северна Минахаса.
„Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата по ерупцијата на Руанг и работиме во координација со релевантните актери со цел да се предвидат активности за да се овозможат безбедност и удобност во воздушниот сообраќај“, рече шефот на регионалниот аеродром.
🕵️♂️#Indonesia is on alert for more eruptions of remote 🌋 volcano. pic.twitter.com/A5hO49fPBX
— talk•time (@zoominfire2) April 19, 2024
Официјалните лица стравуваат дека дел од вулканот може да падне во морето и да предизвика цунами, што се случи за време на ерупцијата на тој вулкан во 1871 година.
Во средата Маунт Руанг имаше најмалку пет силни ерупции, што го натера Центарот за вулканологија и процена на геолошкиот ризик да издаде највисоко ниво на тревога.
На граѓаните им беше кажано да останат најмалку шест километри подалеку од вулканот висок 725 метри.
Индонезија, архипелаг од острови, дом на приближно 270 милиони луѓе, има 120 активни вулкани.
Свет
Се истражува случајот со жената што донесе мртовец во банка за да подигне кредит, стинаа резултатите од обдукцијата
Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела во банка мртов маж за кој велела дека ѝ е вујко за да подигне кредит.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката „Итау“ во Рио де Жанеиро му ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.
Од полицијата рекоа дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе ѝ го одобрила, но било потребно одобрение и од вујкото. Мажот од видеото не реагирал на барањата на жената. Додека се обидувала да му го даде пенкалото, неговата рака се спуштала, а главата му паѓала назад, пишува Си-ен-ен.
„Вујко, слушаш, мораш да потпишеш. Ако не потпишеш, нема шанси. Не можам да потпишам јас, мораш ти. Ајде не прави проблем, направи го тоа“, се слуша како му вели жената. Еден од вработените во банката во тој момент рекол дека постарата личност, најверојатно, не се чувствува добро.
Шефот на цивилната полиција во Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа. Полицијата води истрага и се обидува да утврди каква е точно поврзаноста на осомничената и починатиот маж, а засега не е поведено обвинение.
Адвокатот на семејството го демантира полицискиот извештај:
„Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банката. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“, рече тој.
Обдукцијата откри нови детали
Бразилскиот медиум „Метрополес“ добил извештај од обдукцијата што укажува дека смртта на мажот била предизвикана од бронхоаспирација и срцева слабост. Утврдено е и дека бил неисхранет.
„Таквите податоци ги потврдуваат некроскопските наоди за неисхранетост и бронхоаспирација. Претходните срцеви заболувања исто така придонеле за смртта“, се вели во извештајот.
Судскиот совет ги чека резултатите од дополнителното испитување за да се утврди дали мажот бил отруен.
„Бизнис-инсајдер“ известува дека експертот што ја потпишал прелиминарната форензичка анализа заклучил дека нема доволно докази за да се заклучи дали Пауло починал на пат кон или внатре во банката или, пак, починал пред тоа.
Меѓутоа, обдукцијата покажала дека згрутчувањето на крвта во неговиот врат сугерирало дека тој умрел легнат.
Адвокатот и натаму тврди дека неговата клиентка е невина, а нагласува и дека има сведоци. Истрагата продолжува.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот Исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности што би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и со претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.