Европа
Песков: Нема да носиме избрзани одлуки за Калининград, се надеваме на најдоброто, се подготвуваме за најлошото
Москва е целосно решена во врска со транспортната блокада на Калининград, но нема да носи избрзани одлуки, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за ТАСС.
„Нема потреба од брзање, но во исто време сме апсолутно одлучни. Ќе помине извесно време додека да донесеме одредени одлуки“, рече Песков.
Според него, Русија е апсолутно во право што се однесува до Калининград, пренесуваат медиумите.
„Многу сериозно ја анализираме ситуацијата и ќе го изнесеме нашиот став во однос на блокадата на нашите противници“, рече Песков и додаде дека, за жал, „тие веќе не се партнери, туку противници“.
На прашањето дали треба да се очекува каква било одмазда по извештајот на секретарот на Советот за безбедност, Николај Патрушев, до рускиот претседател Владимир Путин, Песков рече дека ќе биде потребно време да се анализира ситуацијата.
„Верувам дека тоа им е потребно и на нашите противници“, додаде тој.
Песков рече дека Кремљ не ја исклучува можноста Литванија да ги укине ограничувањата за транзит до руската енклава на Балтикот, но се подготвува за најлошото.
„Се надеваме на најдоброто, но се подготвуваме за најлошото“, рече Песков.
На 18 јуни Литванија воведе ограничувања за железничкиот транзит на одредени стоки од Русија до Калининград поради санкциите на ЕУ. Калининград подоцна потврди дека ограничувањата се однесуваат и на товарот со камиони.
Русија вели дека потегот е нелегитимен бидејќи ги прекршува договорите на кои земјата се обврза при пристапувањето во ЕУ. Вилнус и ЕУ инсистираат само на спроведување на режимот на санкции, пренесуваат агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.