Свет
Планираната посета на Помпео на еврејска населба за Палестинците е провокација
Палестинското раководство жестоко ја критикува планираната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео во еврејска населба на Западниот Брег за време на посетата на Израел следната недела како провокација, пренесува „Џерусалем пост“.
Тие додадоа дека станува збор за чин на агресија, што докажува дека САД се соучесници во окупацијата.
„Тоа е провокација против палестинскиот народ и неговото раководство“, рече во неделата Набил Абу Рудаине, портпаролот на претседателот на Палестинската Самоуправа, Махмуд Абас.
„Ова е опасен преседан што го потврдува бесрамното непочитување на меѓународната резолуција од страна на оваа администрација. Израел се обидува да извлече корист од неограничената поддршка на сегашната администрација на САД, која му ја обезбеди целата можна поддршка за проширување на населбата и заземање повеќе палестински територии“, рече Абу Рудаине.
Планираната посета на Помпео на населбата Псагот, северно од Ерусалим, значи дека оваа американска администрација стана основен партнер во окупацијата на палестинските земји. Ниту оваа посета ниту каква било поддршка на САД за израелските населби на палестинските територии не може да им дадат легитимитет на населбите или да го променат фактот дека тие се осудени на пропаст, заклучи Абу Рудаине.
Терминот палестински територии е погрешно именување бидејќи не постои држава Палестина ниту, пак, постоела во минатото. Израел го зазеде Западниот Брег од јорданската окупација во одбранбената шестдневна војна во 1967 година.
Махмуд Алул, заменик-претседател на владејачката фракција Фатах, рече дека планираната посета, иако не е изненадувачка, уште еднаш докажува дека администрацијата на Трамп е соучесник во окупацијата и се обидува да ги легализира населбите.
Премиерот на Палестинската Самоуправа, Мохамед Штајех, исто така го осуди потегот на Помпео како кутар и ги повтори коментарите на Алул и Абу Рудаине велејќи:
„Овој опасен преседан ги легализира населбите и претставува удар врз меѓународниот легитимитет и резолуциите на ОН“.
Терористичката група Хамас, која владее со Газа, го критикува Помпео поради новата американска агресија против Палестинците и Арапите. Палестинската терористичка група Исламски џихад соопшти дека посетата го потенцира непочитувањето на сите меѓународни закони и конвенции од страна на администрацијата на Трамп.
Официјалната претставничка на ПЛО, Ханан Ашрави, објави на „Твитер“:
Listen very carefully @SecPompeo:
There is no second term for Trump, the American people.
There is no second coming for you in Palestine, the Palestinian people.
There is no second chance for war criminals, @IntlCrimCourt.
Now take your passionate intensity & slouch back home! https://t.co/FKya1DDmk1— Hanan Ashrawi (@DrHananAshrawi) November 13, 2020
„Слушајте многу внимателно @SecPompeo: нема втор мандат за Трамп, американскиот народ. Нема веќе второ доаѓање за вас во Палестина, палестинскиот народ. Нема втора шанса за воените злосторници. Сега земете си го вашиот страстен интензитет и вратете се дома!“, напиша таа.
Ова ќе биде првпат американски државен секретар да оствари официјална државна посета на израелска населба и да означи драматично заминување од американската политика, која до администрацијата на Трамп ги назначуваше Западниот Брег и Голанската Висорамнина како окупирани територии.
Во јануари Помпео го осуди долгогодишното правно мислење на Стејт департментот, со кое еврејските населби на Западниот Брег беа прогласени за кршење на меѓународното право. Месеци порано тој издаде поумерена декларација во која се наведува дека САД повеќе не ги признаваат израелските населби како неконзистентни со меѓународното право.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека посетата на Помпео на Израел, која ќе трае три дена, ќе претставува еден вид посета на наследство за да се потенцираат клучните одлуки за политиката што ги донесе администрацијата на Трамп во однос на Израел.
За време на својата посета, Помпео ќе ја посети и Голанската Висорамнина. Во март минатата година претседателот Доналд Трамп објави дека САД ќе го признаат израелскиот суверенитет над стратешкото плато. Израелската влада одговори со најава за основање нов град наречен Трамп Хајтс.
Помпео во минатото отстапи од американската политика обраќајќи ѝ се на Националната конвенција на републиканците од Ерусалим. Тој исто така стана првиот врвен американски дипломат, кој оствари официјална посета на Западниот ѕид во Ерусалим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Свет
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок
Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.
Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.