Регион
Плевнелиев: Борисов ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ
„Бојко Борисов ми кажа дека е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ“.
Ова за БТВ го изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев.
„Борисов е подготвен да го направи тоа и го има изјавено многупати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил `за` европскиот развој на Бугарија. Партијата на Бојко Борисов никој не може да ја земе, тој ќе продолжи да биде главен фактор во оваа партија“, рече Плевнелиев.
Тој објасни дека Борисов добро знае дека луѓето ќе сакаат да видат нови лица.
„Тој отсекогаш бил подготвен да ги стави одлуките пред сопственото его и деструктивност. И сигурен сум дека може да биде дел од позитивното сценарио во кое Бугарија забрзува со стратешки инвестиции, фондовите на ЕУ, влез во еврозоната и во шенген“, смета експретседателот на Бугарија.
За политичката ситуација во земјата, Плевнелиев рече дека во моментот се претпоставуваат избори.
„Дури тогаш се надевам дека ќе видам одговорен однос и ќе формираме влада на национална согласност за забрзана интеграција на Бугарија во срцето на Европа. Се надевам дека тоа ќе се случи“, рече Плевнелиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.