Свет
Повеќе од 40 черепи, коски и фетус пронајдени во седиште на мексикански шверцери на дрога
Полицијата пронашла над 40 черепи, десетици коски и фетус во стаклен сад покрај олтар во дувло на осомниени шверцери на дрога во рација во Мексико Сити.
Четири черепи биле вградени во олтарот во централниот дел на градот Тепит, каде што полицијата уапсила 31 лице под сомнение за активности на картелот за дрога, се наведува во соопштението на градските власти. Но, судот нареди 27 луѓе да бидат пуштени на слобода.
Фотографија објавена од канцеларијата на јавниот правобранител во Мексико Сити покажува черепи групирани околу олтарот со крст украсен со дрвена маска за лице.
Десно од олтарот се наоѓа обоен ѕид полн со симболи, кои вклучуваат пирамида покриена со рака, небесни тела и глава од коза со хексаграм меѓу роговите, според фотографиите од собата објавени во локалните медиуми.
Портпаролката на канцеларијата на јавниот правобранител изјави дека надлежните сè уште го испитуваат потеклото на черепите, од кои има најмалку 42. Инспекторите на местото на настанот пронашле ножеви, 40 коски од вилица, фетус и 30 коски од нозе или раце. Сè уште не е познато дали фетусот е човечки, изјави портпаролката.
Тепито, северно од историското јадро во главниот град, долго време беше седиште на нелегални трговски активности.
Ослободувањето на скоро сите уапсени во рацијата во скриени тунели и лаборатории на лекови во Тепит е неуспех на властите кои сакаат да се справат со хроничните насилни банди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.