Свет
Повеќе од 600 луѓе загинаа во поплавите во Нигерија, 1,3 милион ги напуштија своите домови
Повеќе од 600 луѓе ги загубија животите од јуни во најсмртоносните поплави во Нигерија во последните децении предизвикани од рекордните врнежи. Според новите податоци на локалните власти, поплавите принудија 1,3 милион луѓе да ги напуштат своите домови.
Од почетокот на сезоната на дождови многу делови од најнаселената африканска земја се погодени од силни поплави, кои ги зголемија стравувањата од недостиг на храна и зголемена инфлација. „За жал, повеќе од 603 животи се изгубени“ – уште 100 загинати за една недела и 2.400 повредени во поплавите, објави во неделата Министерството за хуманитарни прашања на Нигерија на „Твитер“.
Астрономското зголемување на бројот на загинати е забележано затоа што многу локални единици не се подготвиле за толку силен дожд, соопшти Министерството. Минатата недела властите ја објавија бројката од 500 загинати. Повеќе од 82.000 куќи и 110.000 хектари обработливо земјиште се исто така целосно уништени, додаде Министерството.
Сезоната на дождови обично почнува во јуни, но поплавите станаа особено смртоносни од август, според Националната агенција за управување со вонредни состојби. Минатата недела 76 лица загинаа во потонувањето на брод во југоисточната држава Анамбра кога излевање на реката Нигер ја предизвика несреќата.
Во Нигерија во наредните недели се очекуваат обилни дождови, па се стравува дека ќе има нови штети и опасности за луѓето. Министерот за хуманитарни прашања, Садија Умар Фарук, повика на евакуација на луѓето што живеат покрај реките, особено во оние области каде што има висок степен на опасност од поплави.
Во 2012 година имаше смртоносни поплави во Нигерија, кои однесоа 363 животи, а повеќе од два милионжа луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Супсахарска Африка е особено погодена од климатските промени, а во многу земји последиците од руската инвазија на Украина дополнително ја влошија и онака тешката економска ситуација. Во Нигерија, дом на речиси 215 милиони луѓе, оризопроизводителите предупредија дека поплавите може да ги зголемат цените бидејќи увозот на ориз е забранет за да се поттикне локалното производство.
Според заедничкиот извештај на Светската програма за храна (WFP) и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, објавен во септември, Нигерија веќе е меѓу шесте земји што се најзагрозени од катастрофален глад, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.