Свет
Повторно обединување на разделени семејства во Северна Кореја
Околу 180 семејства разделени за време на Корејската војна повторно привремено ќе бидат обединети од денеска во Северна Кореја, по тригодишниот прекин на тие средби поради севернокорејската нуклеарна програма.
Обединувањето ќе се одржи на севернокорејскиот туристички планински центар Кумганг, по постигнатиот договор меѓу севернокорејскиот лидер, Ким Џон-ун, и јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, за време на нивниот прв самит во април годинава, пренесе „Ројтерс“.
На семејствата разделени за време на војната која траеше од 1950 до 1953 година влијаат лошите односи меѓу двете Кореи, особено во последните години, поради тоа што Пјонгјанг брзо го унапреди своето нуклеарно оружје, па во 2015 година дојде до прекин во праксата на краткотрајното спојување на семејствата.
Повеќе од 57 000 јужнокорејски државјани се регистрирани за тоа кратко спојување на семејства, кое трае 11 часа, а од двете страни се избира одреден број кои одат на спојувањето со членовите на семејствата.
Од 57 000 преживеани во Корејската војна, повеќе од 40 проценти се во своите 80-ти години, а повеќе од 20 отсто се во 90-тите, покажуваат податоците на јужнокорејската влада.
Најстариот Јужнокореец кој учествува во најновото спојување има 101 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Родителите на 2-годишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата 2-годишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации кои не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.