Свет
По делта-сојот следи нова опасност ламбда, кој е позаразен и поотпорен, покажува најнова студија
Според едно најново јапонско истражување, ламбда или најновиот вид коронавирус не само што е позаразен, туку и поотпорен на антитела, со други зборови вакцините помалку можат да нè заштитат од оваа варијанта на вирусот.
Иако првата ламбда-инфекција со коронавирусот е регистрирана во Перу пред една година, релативно малку се знае за тој мутант, пишува „Дојче веле“.
Затоа е важна најновата студија од Јапонија, според која протеинот шип на видот ламбда има три мутации кои се особено загрижувачки.
Кај една мутација проблемот е тоа што антителата се помалку способни да го неутрализираат вирусот.
Резултатите од јапонската студија може да објаснат зошто овој вид коронавирус се шири толку брзо.
Досега, варијантата ламбда е откриена во 30 земји, пред сè во Јужна Америка, но индивидуални случаи се регистрирани и во Европа – Шпанија, Велика Британија, Италија и Германија.
Засега, Светската здравствена организација објави дека варијантата ламбда се испитува, но според јапонските научници, овој нов вид коронавирус ги исполнува сите услови да биде прогласен за „загрижувачка варијанта“.
Сепак, поголем дел од научниците сметаат дека засега малку е веројатно дека ламбда ќе го потисне делта-сојот на коронавирус, кој во моментов доминира.
Иако ефикасноста на вакцините против коронавирус е нарушена од видот делта, сè уште има релативно мал број случаи на зараза кај луѓе вакцинирани со две дози.
Овие луѓе, секако, можат да ја пренесат инфекцијата на други луѓе, но кај повеќето вакцинирани се појавуваат поблаги симптоми.
Но, според научниците, лицата кои примиле две дози вакцина, а припаѓаат на ризичната група, се значително повеќе загрозени од делта-сојот.
Тоа се постари луѓе, кои страдаат од рак или имаат трансплантација на орган.
Кај нив, овој вид коронавирус може да предизвика тешка форма на болеста.
Затоа, најверојатно оваа група луѓе ќе треба да ја прими третата доза од вакцината најдоцна на есен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.