Свет
Пожарите во Калифорнија соборуваат рекорди, двојно поголеми од 2019 година
Шумските пожари во Калифорнија го надминаа мрачниот рекорд во неделата, сега се повеќе од двојно поголеми од ланските пожари иако сезоната на пожари сè уште не е завршена, пренесува „Њујорк пост“.
Повеќе од 1.618.742 хектари – или 16.187 квадратни километри – од Златната држава се пеплосани досега во 2020 година, област поголема од целата држава Конектикат. Од вчера, во пожарите загинаа 31 лице и се уништени 8.454 градби.
„Површината од 4 милиони е незамислива. Ве зашеметува и ви го одзема здивот “, изјави Скот Меклин, портпарол на Калифорнискиот оддел за шумарство и спречување пожари.
Претходниот рекорд беше поставен во 2018 година, кога пожарите изгореа 675.825 милиони хектари.
Пожарот во комплексот „Август“ во округот Техама и националната шума Мендочино во моментов е најголемиот пожар во Калифорнија откако државата почна да собира податоци во 1930-тите. Во коплексот Августскиот комплекс изгореа речиси 400.000 хектари, а беше контролиран само 54 отсто заклучно со неделата вечер.
Можеби има малку надеж за пожарникарите кои се борат со тој пожар, но ќе поминат неколку дена пред „трендот на ладење“ во Калифорнија да почне да дава ефекти.
„Гледаме одредено олеснување во времето, но ќе поминат три или четири дена пред навистина да се почувствува разлика во пожарот. Една добра работа е што не очекуваме никакви ветрови што би го разгореле огнот“, вели метеорологот Том Бирд.
Иако многу луѓе почнаа да се враќаат во своите домови, повеќе од 30.000 лица сè уште се под наредба за евакуација – вклучувајќи го и целото население на градот Калистога во округот Напа.
Експертите велат дека зголемувањето на температурите како резултат на глобалното затоплување е главната причина за зголеменото уништување од пожарите во Калифорнија.
Според студија спроведена од истражувачи од УКЛА и Стенфорд и цитирана од „Сајсенс Американ“, просечните температури во Калифорнија во последните 40 години се искачиле за 1,8 степени Целзиусови, а просечните врнежи се намалиле за 30 отсто во истиот временски период.
„Ова е невидена година и проблемот е што не постои вакцина за шумските пожари. Мора да научиме да живееме со пожарите и со придружниот чад“, рече Мајк Фланиган, директор на Канадското партнерство за наука за пожарите во Вајленд, на канадскиот универзитет „Алберта“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.