Свет
Познати првите потези на Бајден – веднаш ќе поништи две одлуки на Трамп
Победникот на претседателските избори во САД, Џо Бајден, сака бргу да поништи неколку клучни одлуки на Доналд Трамп.
Бајден беше прогласен за победник на претседателските избори во САД за време на викендот. Иако гласовите сè уште се бројат, во клучните држави неговата предност е толку голема што е невозможно Доналд Трамп да ја достигне. Од друга страна, Трамп сè уште не го признава поразот и најавува правна битка поради, како што тврди без никакви докази, изборни измами.
Новоизбраниот претседател Бајден официјално нема да стане претседател до инаугурацијата закажана за 20 јануари следната година, но неговите први потези се веќе познати.
Во својот победнички говор Бајден објави дека ќе назначи работна група за борба против епидемијата на коронавирусот, која ќе се состои од 12 научници.
Исто така, штом Бајден ќе влезе Белата куќа, ќе издаде неколку извршни уредби со кои планира бргу да поништи некои од најконтроверзните одлуки на Трамп – повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор, чија цел е да се намалат штетните емисии на гасови за да се стават под одредена контрола климатските промени и одлуката за повлекување на САД од Светската здравствена организација, што ја донесе среде пандемијата на коронавирусот.
Би-би-си пишува дека Бајден ќе ги поништи двете одлуки веднаш штом ќе ја преземе власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата
Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.
Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила, Дачија и Рено, завршиле во дупка, пренесува Телеграф.
Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.
Се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.
Не се знае дали има повредени во инцидентот.
Свет
Ниту блиски пријатели не знаеја за дијагнозата на Кејт Мидлтон: Тоа беше огромен шок
Минатата недела британската принцеза Кејт Мидлтон го шокираше светот со објавата дека има рак, а се чини дека ниту нејзините блиски пријатели не знаеле ништо за нејзината здравствена состојба.
„Тоа беше огромен шок. Само многу тесен круг на луѓе знаеја што се случува”, изјави неименуван пријател на принцезата за „People“.
Во видеото кое го шокираше светот на 22 март, принцезата Кејт откри дека и бил дијагностициран рак и дека е на хемотерапија. Кејт зборуваше за тоа како дијагнозата првично била чувана во тајност за „благосостојбата на нивното младо семејство“, а гласот и „пукнал“ кога ги спомнала своите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
„Добро сум и секој ден станувам посилна со тоа што се фокусирам на работите кои ќе ми помогнат да заздравам – во мојот ум, тело и дух. Во овој момент мислам на сите оние чии животи биле погодени од рак. На сите кои се справуваат со оваа болест, во која било форма, ве молиме да не губат верба и надеж. Не сте сами“, вели таа во видеото.
Зад сцената, принцезата од Велс презеде чекори за да му даде приоритет на своето здравје, но таа не беше во целосна изолација. И таа и принцот Вилијам беа видени на спортски настани во последниве недели – на 16 март, парот беше фотографиран заедно како трчаат во фармата во Виндзор.
„Многу е важно да се забавуваат заедно кога можат. Станува збор за нејзиното чувство на поддршка. Воопшто не се чувствува изолирано”, рекол семеен пријател.
Во деновите по објавата на Кејт, таа и Вилијам се фокусираа на своите деца, кои моментално се на велигденски празници. Петчленото семејство ќе ја прескокне традицијата и нема да присуствува на кралската велигденска служба во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор и наместо тоа ќе го помине долгиот викенд приватно дома.
Свет
Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа
Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица беа ранети, објави шефот на воената управа во Керсон, Олександр Прокудин.
„Руската армија гаѓаше станбени области на населени места, при што беа оштетени две катни згради и 10 приватни куќи. Како резултат на руската агресија, две лица загинаа, уште 4 се повредени“, рече Прокудин на Телеграм.
Погоди се забележани и во пристанишната инфраструктура, објектите за критична инфраструктура, трговски центар, комерцијални објекти и автомобили, додаде тој. Според него, непријателот ги гранатирал населбите Дудчани, Нововоронцовка, Михајловка, Одрадокамјанка, Гавриловка, Весела, Золота Балкан, Качкаровка, Антоновка, Станислав, Днепровске, Јантарне, Билозерка, Велетенске, Кизомиш и градот Берег.
Во текот на ноќта, силите за противвоздушна одбрана уништија 26 од 28-те јуришни беспилотни летала што Русија ги користеше за напад на Украина, објави на Телеграм Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.