Свет
„Политико“: 54 отсто од републиканците би го поддржале Трамп за претседателски кандидат во 2024 година
Малку повеќе од еден месец откако демонстрантите почнаа бунт во Капитол на 6 јануари, Доналд Трамп беше ослободен на второто судење за импичмент за неговата наводна улога во поттикнувањето на настаните откако американските сенатори гласаа со 57-43 и не успеаја да ги достигнат потребните две третини од мнозинството, пренесува „Спутник“.
Нова анкета сега покажуваа дека на хипотетички партиски избори за претседателски кандидат на Републиканската партија во 2024 година, Доналд Трамп би бил фаворизиран кандидат – 54 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе го поддржат поранешниот претседател.
Дури 59 отсто од републиканските гласачи изјавиле дека Трамп треба да има важна улога во Републиканската партија во иднина, покажува анкетата на „Политико морнинг консалт“ објавена на 16 февруари. Само 17 отсто сметаат дека поранешниот претседател не треба да има никаква улога во Републиканската партија.
Ова сугерира дека Трамп ја вратил својата претходна позиција бидејќи бројките потсетуваат на оние од крајот на ноември 2020 година, пред падот на поддршката за Трамп во пресрет на немирите во Капитол на 6 јануари.
Сега, три дена по ослободителната пресуда на неговото второ судење за импичмент, позицијата на Трамп се зголеми за 18-процентни поени во тренд на пораст што почна пред судењето на Сенатот.
Анкетата исто така покажува дека републиканските гласачи сега се помалку расположени да го обвинуваат Трамп за немирите во споредба со истражувањето спроведено на 6-7 јануари непосредно по настаните. Уделот на републиканците што рекле дека Трамп е многу или донекаде одговорен за настаните е паднат за 14 поени, на 27 отсто.
Во меѓувреме, уделот на републиканските гласачите што го обвинуваат Џо Бајден за немирите во главниот град се зголеми за 4 поени достигнувајќи 46 отсто. Уделот на оние што ги сметаат за одговорни демократите во Конгресот се згоелеми за 10 поени и достигна 58 отсто.
На прашањето дали го одобруваат гласањето за импичмент на Трамп во Претставничкиот дом, 58 отсто од гласачите одговориле дека го одобруваат импичментот на Трамп, што приближно одговара на бројките прикажани по гласањето на Домот на 13 јануари.
Дополнително, 51 отсто од гласачите рекле дека не ја одобруваат ослободителната пресуда на Сенатот за Трамп, а 79 отсто од републиканските гласачи ја одобруваат ослободителната пресуда на Сенатот за поранешниот ПОТУС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.