Свет
Полицијата во Келн застрела сириски азилант кој држел заложник и нападнал со молотов коктел
Сирискиот азилант кој врескал пофалби за Исламска држава откако извршил напад на една од најпрометните железнички станици во Германија останува на интензивна нега откако беше застрелан за време на полициската операција за ослободување на заложникот што го држеше, пренесува „Брејтбарт“.
Неименуваниот 55-годишен Сириец кој имал дозвола за привремен престој во Германија до 2021 година, го почнал нападот во понеделникот попладне со фрлање молотов коктел кон една 14- годишна ученичка во ресторанот на „Мекдоналдс“ на железничката станица во Келн. Девојчето се здобило со сериозни изгореници на ногата.
Полицијата распореди силно вооружени полициски единици и противпожарни возила околу станицата, а не се изклучува постоење терористички мотив за инцидентот.
За време на нападот Сириецот зборувал на арапски јазик, тврдел дека е член на Исламска држава и побарал ослободување на некој Тунижанец од затвор. По нападот во „Мекдоналдс“, Сириецот отишол во блиската аптека во станицата и зел заложник под закана со пиштол и други молотови коктели. Напаѓачот останал таму неколку часа пред полицискиот тим да ја нападне аптеката со зашеметувачки гранати и да го застрела.
Осомничениот терорист бил застрелан со повеќе куршуми и неколкупати бил враќан во живот, а сега е хоспитализиран во сериозна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.