Свет
Полицијата не може да најде 300 автомобили што им биле изнајмени на странски функционери за самитот АПЕК
Полицијата во Папуа Нова Гвинеја трага по речиси 300 автомобили што им биле позајмени на официјалните лица за време на минатогодишниот самит на Организацијата на азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), објави Би-би-си.
Луксузната флота била увезена за лидерите што биле во Папуа Нова Гвинеја да може да се движат во стил во земја што е заглавена во сиромаштија. Од полицијата соопштиле дека 284 возила сè уште недостигаат. Меѓу нив има модели на „Форд“, „Мазда“ , „Ленд крузер“ и „Мицубиши“.
За среќа, како што наведуваат медиумите, најскапите автомобили „масерати“ биле лоцирани.
„Сите 40 ‘масерати’ и трите ‘бентлија’ се во добра состојба“, соопштил командирот на полицијата, Денис Коркоран.
Лидерите на земјите од јужно-пацифичкиот регион се надеваа дека глобалната конференција ќе привлече инвестиции, како и меѓународно внимание кон Папуа Нова Гвинеја.
Но, домаќинот на настанот ги оптовари ресурсите на земјата и побара помош од други земји. Австралија, САД и Нов Зеланд испратија полициски сили за да осигураат дека присутните на самитот ќе бидат безбедни.
Во тоа време и медиумите и активистите се прашуваа дали има смисла сиромашните земји да бидат домаќини на меѓународен настан, како што е самитот на АПЕК. Критичарите ги видоа стотиците службени автомобили како симболи на владиното трошење, односно расфрлање со пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.