Свет
Полицијата откри кој ја предизвикал божикната експлозија во центарот на Нешвил
Американските власти го испитуваат мотивот за подметнатата експлозија во Нешвил, во која на божикното утро десетици згради во центарот на градот беа сериозно оштетени, а три лица беа повредени.
Полицијата го идентификуваше лицето за кое се верува дека стои зад нападот. Официјалните лица вчера објавија дека станува збор за 63-годишниот Ентони Квин Ворнер, кој загинал во експлозијата, но мотивот сè уште не е познат.
„Одговорите нема да дојдат брзо и ќе бараат многу напор од нашиот тим“, рече специјалниот агент на ФБИ, Даг Корнески на прес-конференција.
И покрај стотиците совети и упатства кои беа испратени до службите во рок од само неколку дена, официјалните лица досега не откриваат зошто Ворнер ја предизвикал експлозијата.
Истражителите во саботата извршиле претрес во куќата на Ворнер во Ентиок, каде што зеле ДНК-примероци што биле споредувани со остатоците од човечко тело пронајдени на местото на експлозијата и било утврдено дека тие се совпаѓаат.
Полицијата во Нешвил објави и ново видео од моментот на експлозијата, на кое се гледа бело комобе и полицаец кој минува недалеку од него непосредно пред да експлодира бомбата.
Непосредно пред експлозијата, од комбето во кое се наоѓла бомбата била емитувана снимената порака „оваа област мора да се евакуира“, како и песната „Downtown“ од Петула Кларк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.