Свет
Полицијата уби 20-годишно момче во САД
На 16 километри од местото каде што беше убиен Џорџ Флојд, полицијата вчера повторно уби млад човек од афроамериканско потекло.
Според „Ројтерс“, тој бил запрен поради сообраќаен прекршок, но полициската интервенција завршила со негово убиство. Во моментот се организираат протести пред зградата на полицијата во Бруклин, каде што се случи убиството.
Лутите демонстранти се судрија со полицијата, која беше принудена да употреби солзавец и гумени куршуми.
Members of an angry crowd vandalized two police vehicles after the death of a man who was shot by an officer about 10 miles from where George Floyd died during his arrest last May in Minneapolis, a Reuters witness said https://t.co/pxNZcoCZjd pic.twitter.com/o5zCy40k94
— Reuters (@Reuters) April 12, 2021
Демонстрантите извикуваа: „Правда за Џорџ Флојд“ и оштетија две полициски возила.
Младиот човек, кој беше убиен, е идентификуван како Дони Рајт и имал 20 години.
Во полициско соопштение се вели дека Дони Рајт бил рутински запрен додека возел, дека од претресот било откриено оти за него е распишана потерница и дека седел во својот автомобил по обидот за апсење обидувајќи се да избега, но еден од полицајците пукал во него.
Тој, сепак, избегал, но удрил во друг автомобил недалеку од местото на инцидентот и починал, објави „Ројтерс“.
Џорџ Флојд беше задавен за време на неговото апсење кога полицаец клекна на него и го задави со коленото врз вратот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.