Свет
Полскиот вицепремиер: Германија сака да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх
Полскиот вицепремиер и лидер на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПиС) Јарослав Качински ја обвини новата германска влада дека сака да ја претвори ЕУ во „Четврти Рајх“.
Други лидери на „ПиС“ неодамна ја употребија истата фраза за да ги опишат намерите на новата берлинска централно-левичарска коалициона влада кон Европа.
Во договорот постигнат од трите партии за формирање на германската владејачка коалиција се наведува дека нејзината крајна цел е федерална европска држава.
Тој аспект од договорот го осуди полската влада на „ПиС“, а Качински дури тврдеше дека таквата состојба на работите ќе и го одземе Полска правото на самоопределување.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја искористи недамнешната посета на германскиот канцелар Олаф Шолц во Варшава за да ги критикува аспирациите на коалициската влада за ЕУ, користејќи и термини поврзани со Третиот рајх.
Полската влада е во конфликт со Европската комисија околу реструктуирањето на судството во земјата, за кое ЕУ смета дека ги политизира судиите.
Европската комисија веќе покрена неколку тужби против Варшава поради судските реформи, а поднесе и тужби до Европскиот суд на правдата, што предизвика длабок јаз меѓу Варшава и Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.