Свет
Поради големиот број на цивилни жртви е прекината операцијата за преземање на Мосул од ИД
Ирачките сили привремено ја прекинаа офанзивата за освојување на преостанатиот дел од градот Мосул поради голем број цивилни жртви.
Силите на ирачката влада во саботата привремено ги прекинаа воените операции за преземање на контролата над градот Мосул од терористичката група “Исламска држава”, соопшти агенцијата Reuters. Причината е високиот број на цивилни жртви, кои загинаа во текот на судирите меѓу двете завојувани страни.
Граѓаните што успеале да избегаат од блокираниот регион, изјавиле дека воздушните напади на коалицијата во која учествуваат Ирак, Соединетите Американски Држави и други земји, уништи згради и убиле голем број цивили лица.
Освен тоа екстремистите користат цивили како живи штитови и отворат оган кон нив, ако се обидат да избегаат од контролираните делови од градот./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.