Свет
Поранешен кинески функционер осуден на смрт поради барање и примање мито
Поранешниот прв човек на кинеската државна компанија „Хуаронг Ашет менаџмент ко“ е осуден на смрт во еден од најпознатите случаи на корупција во земјата.
Ова денеска го соопшти судот во градот Тјенѓин на северот од Кина.
Лаи Ксијаомин е осуден за примање или барање мито во вкупен износ од 276,72 милиони долари во периодот од 2008 до 2018 година кога бил и висок банкарски функционер, се вели во образложението на Народниот суд во Тјенѓин, а пренесува „Ројтерс“.
„Лаи Ксијаомин бил престапник и тоа крајно алчен“, се вели во соопштението на судот, во кое се додава дека штетата врз општеството е огромна, а злосторствата се исклучително сериозни и треба да бидат строго казнети во согласност со законот.
Лаи е осуден и под обвинение за бигамија, а тој беше исклучен од владејачката Комунистичка партија во 2018 година кога против него беше поведено обвинението.
За коментар во врска со пресудата не било можно да се контактира со него или, пак, со неговиот адвокат, соопшти агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.