Свет
Поранешен премиер на Украина: Целта на Вашингтон е да почне војна меѓу Украина и Русија
Соединетите Американски Држави имаат цел да почнат војна меѓу Русија и Украина, изјави поранешниот премиер на Украина, Николај Азаров.
Азаров вели дека најавите за можна инвазија претставуваат американска провокација.
„Целта е јасна: да се организира војна меѓу Украина и Руската Федерација. Ова е апсолутно очигледна цел на САД под сите претседатели. Русија е воен ривал, единствената земја во светот што може да ги уништи САД во случај на директен воен конфликт. Затоа Русија треба да биде ослабена што е можно повеќе, а уште подобро – да се распадне“, објасни Азаров.
Поранешниот премиер нагласи дека Вашингтон систематски работи во оваа насока од 1946 година и дека американската антируска политика не зависи од смената на претседателот во Белата куќа.
Азаров додаде дека во Донбас, каде што Киев концентрирал армија од 150 илјади луѓе против 30-35 илјади бранители на самопрогласените републики, можна е воена провокација на Украина поддржана од САД.
„Целото оружје што во последно време му беше доставено на Киев (САД и НАТО) отиде во Донбас. Сето тоа води до помислата дека токму таму е можна реализација на конкретна провокација“, објасни политичарот.
Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските агресивни дејства во близина на границите на Украина.
Русија постојано ги негира обвинувањата на Западот и Украина за агресивни дејства наведувајќи дека никому не му се заканува и нема намера некого да нападне, а изјавите за руска агресија се користат како изговор за распоредување што повеќе воена опрема на НАТО.
Од 2014 година земјите на НАТО на чело со САД ѝ доставуваат оружје на Украина и ја обучуваат нејзината армија, што директно ги прекршува договорите од Минск и негативно влијае на разрешувањето на ситуацијата во Донбас.
Покрај Американците, испораки во вредност од милијарди долари ги вклучуваат Обединетото Кралство, Канада, Франција, Полска, Турција, Литванија, Чешка, Бугарија, Романија и Естонија.
Американската влада постојано ја сигнализира својата подготвеност да ја прошири испораката на оружје и воена опрема за Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.