Свет
Поранешен шеф на израелската вселенска безбедност: Вонземјани постојат, Трамп знае за нив
Поранешниот израелски шеф за вселенска безбедност, Хаим Ешед (87), тврди дека вонземјани постојат и дека претставниците на галактичката федерација, како што тој ја нарекува, дури веќе стапиле во контакт со човештвото.
„Неидентификувани летачки објекти побараа од нас да не објавуваме дека се таму, човештвото сè уште не е подготвено“, рече Ешед во интервју за весникот „Једиот Ахаронот“.
„Постои договор меѓу американската влада и вонземјаните. Тие потпишаа договор со нас да правиме експерименти тука“, тврди овој професор и генерал во пензија. Ешед исто така тврди дека има подземни бази на Марс, во кои соработуваат претставници на вонземјани и американски астронаути.
Тој исто така вели дека Доналд Трамп знае за постоењето вонземски живот и дека неодамна ги открил овие информации, но дека успеале да му го одвлечат вниманието за да не се создаде масовна хистерија.
„До денес тие чекаа човештвото да се развива и да стигне до фаза во која, генерално, ќе разбереме што се простор и вселенски бродови“, тврди Ешед.
Од Белата куќа одбија да ги коментираат неговите тврдења, пишува „Ен-би-си њуз“, а портпаролот на НАСА рече дека една од клучните цели на таа агенција е потрага по вонземски живот, но дека тие сè уште не го пронашле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.