Свет
Поранешната критичарка на Асанж, Сара Пејлин, го пофали шефот на Викиликс дека му ги отворил очите на народот
Поранешната републиканска гувернерка на Аљаска, Сара Пејлин, која претходно беше голем критичар на Џулијан Асанж, поради објавувањето на нејзините приватни мејлови во 2008 година, сега го смени нејзиниот став. Таа во интервју, изрази почит кон работата на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс. Како што рекла, претходно не разбрала колку е важна неговата работа, но сега, вели таа, видела дека Асанж се обидува да ги информира луѓето.
Таа е убедена, како што вели, дека таквите информации им помагаат на луѓето да носат подобри одлуки. Пејлин е една од најголемите критичари на Асанж, која сугерираше дека САД мора да го следат со истата ревност и лидерите на Ал каеда. Наводната причина за нејзиниот радикален став беше дека Викиликс ги објави нејзините лични мејлови. Самата Пејлин го нарече делото – шокантна инвазија на приватноста на гувернер и Асанж го нарече антиамерикански оперативец со крв на рацете.
Нејзиниот став се промени откако Викиликс во 2016 година објави документи украдени од серверите на Демократската партија, кои наводно влијаеле на шансите на Хилари Клинтон за успех на претседателските избори. Пејлин му се извини на Асанж, истакнувајќи дека објавените информации ги отвориле очите на луѓето кон демократските кандидати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.