Свет
Поранешниот адвокат на Трамп: Тој нема мирно да си замине од власта
Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, вчера повеќе од 4 часа сведочеше пред Конгресот. На самиот крај од сведочењето тој изнел загрижувачко предурпедување за самата иднина на американската демократија.
„Мојата лојалност кон господинот Трамп ме чинеше сè. Среќата на моето семејство, пријателствата, мојата лиценца за работа, мојата компанија, моите животни приходи, мојата чест, репутација, а набргу и мојата слобода. И нема да седам овде, да молчам и да дозволам да ѝ го направи истото и на земјата. Навистина, со оглед на моето работно искуство со Трамп, се плашам дека ако изгуби на изборите во 2020 година, никогаш нема да има мирна транзиција на власта“ рекол Коен пред Конгресот.
Коен зборувал за сомнителните финансии на Трамп, вклучително и можен судир на интереси, деловните врски на Трамп со Русија, потенцијално незаконски пракси на фондациите на Трамп и незаконски исплати на пари на две жени во пресрет на претседателските избори во 2016 година.
Кредибилитет на Коен како сведок и онака е многу нарушен со фактот дека е криминалец осуден на три години затвор поради малверзации во финансирањето на предизборната кампања, затајување данок и други обвиненија, па дополнително се обиделе да го поткопаат и републикански конгресменки за време на неговото испрашување.
Трамп, исто така од Виетнам, го обвини својот поранешен адвокат дека лаже. „Правеше лоши работи неповрзани со Трамп. Лаже за да ја намали својата затворска казна“, напиша Трамп на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.