Свет
Поранешниот директор на „Старбакс” ја најави својата кандидатура за претседател на САД
Американскиот бизнисмен, поранешен директор на „Старбакс”, Хауард Шулц, изјави дека „сериозно ја разгледува” кандидатурата за американски претседател.
Шулц, кој минатата година ја напушти функцијата на чело на Старбакс, рече дека ја разгледува можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2020 година како независен кандидат на центарот.
I love our country, and I am seriously considering running for president as a centrist independent.
— Howard Schultz (@HowardSchultz) January 28, 2019
Во низата твитови што ги објави, тој наведува дека постојните две партии во САД се „поделени повеќе од кога било”, објави Би-би-си.
This moment is like no other. Our two parties are more divided than ever. Let’s discuss how we can come together to create opportunities for more people. #ReimagineUS https://t.co/9UY46OTO0I
— Howard Schultz (@HowardSchultz) January 28, 2019
„Живееме во време кога не само што овој претседател не е квалификуван да биде претседател, туку двете партии не го прават она што е неопходно за американскиот народ што го претставуваат“, рече тој.
Демократскиот кандидат Хулиан Кастро го критикуваше Шулц поради оваа најава, оценувајќи дека Шулц ќе ги подели гласовите на опозицијата со својата кандидатура и на тој начин ќе му даде можност на Трамп повторно да биде избран.
Шулц одговорил: „Сакам американскиот народ да победи”.
Хауард Шулц (65) беше продавач на апарати за еспресо и почна да работи во синџирот на „Старбакс“ од 1982 година, кога имаше само 11 продавници за кафе, известува N1.
Тој ја купи компанијата во 1987 година, а кога се повлече од позицијата директор во 2018 година, таа веќе имаше 28.000 кафулиња во 77 земји ширум светот.
Тој често зборуваше за прашања од социјалната политика, имиграцијата и контролата на оружјето. Тој беше редовен донатор на Демократската унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.