Свет
Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината црноморска флота доколку рускиот претседател Владимир Путин употреби нуклеарно оружје во таа земја, предупреди поранешниот директор на ЦИА, пензионирниот армиски генерал Дејвид Петреус.
Петреус изјави за „Еј-би-си њуз“ дека не разговарал со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан за веројатниот одговор на САД на нуклеарната ескалација од Русија, што претставниците на американската администрација велат дека постојано ѝ биле доставувани на Москва.
„Хипотетички, би реагирале со колективен одговор на НАТО, кој би ги уништил сите руски конвенционални сили што можеме да ги видиме и идентификуваме на бојното поле во Украина и Крим, како и секој брод во Црното Море“, рече Петреус.
Тој исто така тврди дека Путин губи и покрај значајните, но очајни потези во војната што почна на 24 февруари.
Тој исто така вели дека Украина и претседателот Володимир Зеленски и Украина ги мобилизирале силите подобро од Русите.
„Ниту една анексија, дури ни нуклеарните закани, не може да го извлечат Путин од оваа ситуација“, заклучува Петреус, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.