Свет
Порторико прогласи вонредна состојба по серија земјотреси
Гувернерката на Порторико, Ванда Васкез, денеска прогласи вонредна состојба и ја активираше Националната гарда по серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,4 степени по Рихтер.
Најмалку едно лице загина, струја снема на поголем дел од островот и причинета е значителна материјална штета, соопштија властите и медиумите.
Васкез порача дека сите јавни служби, освен службите за итни случаи, денеска нема да работат додека се спроведуваат плановите за вонредна состојба.
Островот во Атлантскиот океан изминативе денови беше погоден од низа земјотреси, меѓу кои еден вчера беше со магнитуда од 5,8 степени по Рихтер и оштети неколку домови на јужниот брег.
Островската држава во сојуз со САД сè уште се опоравува од катастрофалниот ураган „Марија“ од 2017 година, во кој загинаа околу 3.000 луѓе и беше уништен голем дел од инфраструктурата, а настрада и населбата во која е снимен спотот за популарната песна „Деспасито“.
Додека прави напори за реконструкција, земјата се соочува и со долг од околу 120 милијарди долари.
Васкез, која стана гувернер по протестите што го принудија поранешниот гувернер Рикардо Роселo да се повлече, ги повика луѓето да останат мирни.
„Сакаме сите да бидат безбедни. Затоа целата работа на јавните служби денес е суспендирана за да можеме да бидеме со нашите семејства и да ги спроведеме плановите за безбедност“, напиша Васкез на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.