Свет
Почна новото судење на Навални во затворот во Москва
Новото судење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почна во затворот со максимални безбедносни мерки источно од Москва, каде што се наоѓа критичарот на руската влада.
Навални е обвинет за измама, а во затвор е веќе една година, каде што издржува претходно изречена казна од вкупно три и пол години.
Последното судење би можело да доведе до пресуда според која казната на Навални (45), доколку биде прогласен за виновен, би можела да биде продолжена за 10 години, пишува Би-би-си.
Навални беше приведен кога се врати во Русија во јануари минатата година по неколкумесечно лекување во Германија поради наводниот напад со нервниот агенс „новичок“ во Сибир за кој обвини Кремљ.
Тој беше осуден во февруари минатата година за прекршување на условната казна во случајот за проневера. Новите наводи сугерираат дека Навални украл 4,7 милиони долари од донации на неговите политички организации.
Максималната казна за кражба на донации е 10 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.