Свет
По Меланија, во Белата куќа би можела да влезе уште една Словенка
Демократската сенаторка од Минесота, Ејми Клобучар, која ја објави кандидатурата за претседателските избори во САД во 2020 година, по потекло е од Словенија, исто како и актуелната првата дама Меланија Трамп.
Ејми Клобучар е внука на словенечки доселеници во Америка, а нејзиното презиме на словенечки значи шеширџија, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Нејзиниот дедо се доселил во САД од словенечка Бела Краина како дете заедно со своите родители уште пред Првата светска војна.
Ејми Клобучар е родена во Америка и поради тоа има право да се кандидира за претседател.
„Стојам пред вас како внука на рудар, ќерка на учителка и новинар, прва жена од Минесота избрана за член на Сенатот, за да ја објавам мојата кандидатура за претседател на САД“, рече Клобучар пред три дена пред своите поддржувачи во Минесота.
Таа е родена на 25 мај 1960 година. Татко ѝ, новинар и колумнист, Џејмс Клобучар, како што наведува порталот „Нашите луѓе во светот“, е роден на 9 април 1928 година во Елија, Минесота. Тој е син на Марија Пусел и Михаил Клобучар, рудар, кого Ејми го споменува и во својата изјава.
Таткото на сенаторката дипломирал на Универзитетот во Минесота во 1950 година кога ја почнал својата новинарска кариера. Тој се оженил во 1954 година со Роуз Хуберберг и од бракот има две деца, Ејми и Бет.
Работел за неколку медиуми во Северна Дакота и Минеаполис, а меѓу другото, бил новинар и за „Асошиетед прес“, колумнист за „Минеаполис трибјун“ и „Минеаполис стар“. Автор или коавтор е и на неколку книги.
Од демократската партија како потенцијални кандидати за следните претседателски избори досега се пријавија петмина претенденти, од кои четири се жени.
Покрај Ејми Клобучар, тука се уште и Елизабет Ворен од Масачусетс, Камала Харис од Калифорнија и Киртстен Гилбрант од Њујорк. Петтиот кандидат е Кори Бјукер од Њу Џерси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.