Свет
Правилникот за рекламирање на „Јутјуб“го забранува клучниот збор „христијански“
Кога основачот на една христијанска ветеранска група се обидел да испрати реклама на „Јутјуб“ за својата организација, барањето му било одбиено, а бил и информиран дека клучниот збор „христијански“ веќе не е прифатлив според политиката за рекламирање на страницата, пренесува РТ.
Чад Робишо, основач на фондацијата „Мајти оукс“, добротворна група која им помага на ветераните да ја надминат траумата од војната, објави на „Твитер“ принтскрин со детали за неговата комуникација со техниот гигант.
„Значи еден од клучните зборови за рекламата беше зборот ‘христијански’, што ние го користиме редовно. Рекламата беше одбиена токму поради употребата на зборот ‘христијански’. Првпат ни се случува ова”, изјави Робишо.
Неколку часа по постот на Робишо, „Јутјуб“ се обиде да ја објасни ситуацијата.
„Знаеме дека религиозните верувања се лични, па затоа не им дозволуваме на оние што се рекламираат да ги таргетираат корисниците врз основа на религијата. Покрај тоа, немаме политика против рекламирање што вклучува религиозни термини како ‘христијански’”, напиша на Твитер платформата во сопственост на „Гугл“.
Ветеранот им возвратил, тврдејќи дека изјавата на компанијата е очигледно неточна и дека тој со години користел истиот клучен збор во претходните реклами без проблеми. Освен тоа, тврди тој, кога се обидел да ја испрати истата реклама, но со клучен збор “муслимански“, немало никаков проблем.
По разговорот со службата за помош на „Гугл“, на Робишо му било кажано дека политиката е нова. „Гугл“ допрва треба да коментира за ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Велики четврток.
Аудио обраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата Ворчестер во негово отсуство, поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата Ворчестер, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување, да го следам примерот на Христос „да не ми служат, туку да служам“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам, со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак, поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.
Регион
Полицајци и пожарникари пристигнуваат пред куќата каде што исчезна Данка
Во Бањско Поле во Србија пристигнуваат уште полициски сили и пожарникари во околината на викендичката на семејството Илиќ во близина на која последен пат била видена малата Данка Илиќ по која веќе трет ден се трага.
Покрај пожарникари и полиција, на самото место има и багер, иако сè уште нема официјални информации зошто. Репортерот на српски „Телеграф“ јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што објави „Телеграф“, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Данка Илиќ исчезна во вторникот во 13.45 часот кога мајка ѝ му давала вода на другото дете.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и многубројни мештани. По 27 часа, српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.