Свет
Првиот човек на СЗО по стопирањето на „Астра зенека“: Не паничете
Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, реагира кога десетици земји ја прекинаа вакцинацијата против коронавирусот со вакцината на „Астра зенека“.
Тој изјави дека не постои јасна и недвосмислена врска помеѓу компликациите во веска со згутчувањето на крвта и вакцината „Астра зенека“ и дека ниту една земја не треба да паничи за тоа.
„Не сакаме луѓето да паничат“, велат од СЗО.
Советничкиот одбор на СЗО треба да се состане денес за да разговара за вакцината на „Астра зенека“, која беше привремено суспендирана од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија, Португалија, Кипар и други земји.
„Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцината против Ковид 19, но вообичаена практика е да се испитаат наводите. Тоа покажува дека системот за надзор функционира и оти има ефективни контроли“, рече Тедрос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира откако ќе се разјасни неговата природа.
– Во секој случај, без разлика на се, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејствија што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот – рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала Шахед од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.
Свет
Фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни дејства“, рече Фон дер Лејен за време на посетата на Лапенрат со финскиот премиер Питер Орп, на 25 километри од руската граница, пренесе „Ројтерс“.
Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, повика на апсолутна деескалација по информациите дека Израел го нападнал Иран велејќи дека неговите колеги од Г7 ќе разговараат за тоа на состанокот на Капри.
„Ги повикуваме сите да бидат внимателни за да се избегне ескалација“, изјави тој за РАИ, пренесе „Гардијан“. Г7, која ги вклучува Велика Британија, Америка, Франција, Германија, Јапонија и Канада, сака апсолутна деескалација на Блискиот Исток, посочи Тајани.
Оман, кој дејствуваше како посредник на Блискиот Исток, го осуди израелскиот напад на иранска територија, како и „повторените израелски воени напади во регионот“, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.
Неименуван ирански функционер изјави претходно денеска, откога светските медиуми објавија дека Израел извршил напад на иранска територија и дека одекнале експлозии во иранскиот град Исфахан, но дека не е потврдено оти инцидентот бил предизвикан од странство. „Не утврдивме никаков надворешен напад, а истрагата повеќе се наклонува кон некој што се инфилтрира наместо кон напад што дојде надвор од земјата“, рече тој, пренесе „Ројтерс“.
Тој изјави дека Иран нема непосредни планови да му се одмазди на Израел. Американски функционер претходно изјави за Си-ен-ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан, пренесува „Танјуг“.