Свет
Прво судење на руски војник: Ми наредија да пукам во цивили
Судењето на рускиот војник Вадим Шишимарин (21), обвинет за убиство на цивили во украинското село Чупахивка, треба да почне денеска. Исто така, првпат од почетокот на војната во Украина припадник на руската армија ќе биде кривично гонет за воени злосторства.
Шишимарин е обвинет дека му пукал во главата на 62-годишник во Чупахивка во североисточна Украина, пишува АП. На војникот му се заканува доживотен затвор.
Виктор Овсјаников, адвокат на војникот, призна дека Обвинителството изградило силен аргумент против неговиот клиент, но рече дека конечната пресуда ќе ја донесе судот во Киев. Адвокатот вчера изјави дека неговиот клиент сè уште не одлучил како ќе ја признае вината.
Vadim Shysimarin, a 21yo ?? Tank Division commander, is expected to be first to be tried for the murder of a 68yo man in ??
“[Shysimarin] was ordered ‘to kill a civilian so he would not report them to Ukrainian defenders’, according to prosecutors.”https://t.co/CFcvC3VIRq
— Minji ?? ? ?x3 ? ? (@Minji_Me) May 12, 2022
Шишимарин е член на тенковската единица, на која ќе ѝ се суди во Украина. Главниот обвинител на Украина спроведува сè поголем број истраги за наводите дека руски војници убивале, малтретирале и мачеле цивили во Украина. Канцеларијата на главниот обвинител Ирина Венедиктова објави дека истражува повеќе од 10.700 потенцијални воени злосторства, во кои учествувале повеќе од 600 осомничени. Во случаите беа вклучени руски војници и владини претставници.
Многу злосторства излегоа на виделина во април откога руските сили го прекинаа обидот да го заземат Киев и се повлекоа од главниот град. Во тоа време беа откриени масовни гробници, како и дворови полни со тела во градовите околу Киев, како Буча. Владимир Јаворски, координатор на Центарот за граѓански слободи во Киев, рече дека активистите ќе го следат судењето на рускиот војник за да обезбедат заштита на неговите законски права.
Вадим Карасев, политички аналитичар од Киев, рече дека е важно украинските власти да покажат дека воените злосторства ќе бидат решени и дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата во согласност со меѓународните стандарди.
Минатата недела главното Обвинителство на социјалните мрежи објави неколку детали од истрагата. На 28 февруари Шишимарин беше меѓу групата руски војници што ги поразија украинските сили. При бегството Русите пукале во приватен автомобил и го одзеле возилото. Потоа се возеа до Чупахивка, село на околу 320 километри од Киев.
Руските војници на патот виделе човек како оди по тротоарот и зборува на мобилен телефон. На Шишимарин му било наредено да го убие за да не ги пријави кај украинските воени власти. Војникот пукал со „калашников“ низ отворен прозорец и го погодил човекот во главата.
„Човекот починал на самото место на само неколку десетици метри од неговата куќа“, соопшти обвинителството. На 4 мај Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави кратко видео во кое Шишимарин признава дека застрелал човек. СБУ го опишува видеото како едно од првите признанија на Русија за злосторството.
„Ми наредија да пукам. Го застрелав човекот, тој падна, а ние продолживме понатаму“, вели рускиот војник на видеото.
Обвинителството не соопшти кој му дал таква наредба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.