Свет
Прв разговор меѓу Путин и новиот израелски премиер: договор за спротивставување на ревизијата на историјата
Рускиот претседател, Владимир Путин, и новиот премиер на Израел, Нафтали Бенет, разговараа денеска првпат. Во телефонскиот разговор лидерите се согласија да се состанат во блиска иднина, објави кабинетот на премиерот.
„Премиерот му се заблагодари на претседателот Путин за улогата на неговата земја во одржувањето на регионалната безбедност. Премиерот Бенет и претседателот Путин се договорија да се состанат набргу“, се вели во соопштението на кабинетот на Бенет.
Израелскиот премиер му се заблагодари на Путин за историските врски меѓу рускиот и еврејскиот народ.
Од своја страна, шефот на Русија му посакал успех на Бенет како премиер. Двете страни ја изразиле својата поддршка за развој на традиционалните пријателски односи меѓу Русија и Израел.
Во исто време, прес-службата на Кремљ објави дека Путин и Бенет разговарале за зачувување на историската вистина за Втората светска војна спротивставувајќи се на величењето на нацизмот и негирајќи го холокаустот.
Лидерите разговараа за голем број безбедносни и политички прашања, се додава во соопштението.
„Се разговараше за актуелните прашања за билатералната соработка во политичката, трговската, економската и во хуманитарната сфера.
„Меѓу другото, беше посветено внимание на заедничката задача за зачувување на историската вистина за настаните од Втората светска војна, спротивставување на ревизијата на исходот од војната и величење на нацизмот, како и негирање на холокаустот и дискутирање за одлучувачките придонес кон победата“, се вели во соопштението.
Прес-службата на Кремљ додаде дека лидерите разговарале и за мерките во борбата против ширењето на коронавирусот во Русија и Израел.
Разговорот беше инициран од израелска страна, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.