Свет
Прв случај на омикрон потврден и во Јапонија
Во Јапонија денеска е потврден првиот случај на омикрон-сојот кај турист што неодамна пристигнал во земјата од Намибија.
Секретарот на јапонската влада, Хироказу Мацуно, изјави дека пациентот има 30-ина години, тестиран бил завчера на аеродром и по позитивниот резултат, веднаш е изолиран и прима редовна терапија.
Анализата вчера утврди дека тој е заразен со новиот сој омикрон за кој Светската здравствена организација предупреди дека е ризичен. Овој вид првпат бил откриен во лабораторија во Јужна Африка.
Јапонските власти вчера објавија дека ќе бидат забранети сите пристигнувања во земјата со цел да се спречи ширењето на новиот сој за кој експертите предупредуваат дека може да биде опасен и по вакцинирањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.