Свет
Преговори во три дела и одвоени прес-конференции: објавени детали за средбата меѓу Путин и Бајден
Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, денеска соопшти дека самитот на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, ќе почне утре во 13 часот по средноевропско време во вилата „Ла Гранж“ во Женева.
Путин ќе биде пречекан од претседателот на Швајцарија во вилата „Ла Гранж“, а потоа ќе дојде Бајден, пренесува „РИА новости“.
Ќе има традиционално заедничко фотографирање и обраќање на претседателот на Швајцарија по што претседателите на Русија и САД ќе се преселат во библиотеката.
Ушаков рече дека преговорите ќе се состојат од три дела – прво во тесен, а потоа и во проширен состав, по што ќе следуваат одделни прес-конференции на двете страни.
За време на разговорите во потесен состав, Путин ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, а Бајден ќе биде придружуван од американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.
Ушаков рече дека не знае дали претседателите ќе сакаат да се тргнат настрана и да разговараат лице в лице и додаде дека тоа зависи од нив.
Покрај Ушаков и Лавров, во руската делегација ќе бидат и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Анатолиј Антонов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валери Герасимов, и рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Биле повикани и заменик-шефот на претседателската администрација, Дмитриј Козак, и специјалниот претставник на претседателот за Сирија, Александар Лаврентјев.
По самитот, Путин ќе се сретне со својот швајцарски колега по што ќе се врати во Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.