Свет
Пред точно сто години болшевиците го стрелале последниот руски цар
Со поворка кон манастирот во Ганина Јама во близина на Екатеринбург, сочинета од 100.000 луѓе, вчера беше одбележана стотата годишнина од екгзекуцијата на последниот руски цар Николај Втори Романов и членовите на неговото семејство.
Поворката ја предводеше духовниот поглавар на Руската православна црква, патријархот Кирил. Со крстови, икони и слики од царот и членовите на царското семејство аџиите пристигнаа до манастирот во Ганина Јама, оддалечен од Екатеринбург 21 километар.
On #ThisDayinHistory* 1918, the Romanov family is executed ending an imperial dynasty that had ruled Russia for over 300 years. #Romanov100
*The historical debate places the dates as late night on the 16th through early on the 17th* pic.twitter.com/GyfHTtQxSo
— HISTORY (@HISTORY) July 16, 2018
На комеморацијата во манастирот, кој го изгради РПЦ во знак на сеќавање на последниот руски цар, на поворката ѝ се придружија уште 20.000 лица.
Privilege to be in Yekaterinburg on 100th anniversary of the murder of the last Russian Tsar Nicholas II and his family. Pilgrims everywhere. Extraordinary church on the murder site. pic.twitter.com/Nmm6VJOPAF
— Chris Skudder (@chris_skudder) July 17, 2018
„Се молиме за царот Николај Втори, маченикот. Се молиме и за оние што страдаа заедно со него“, рече патријархот Кирил пред насобраните и додаде дека Русија треба да извлече поука од грдото искуство во минатото.
Државата не организира официјална комеморација по повод годишнината.
Во 1998 година тогашниот руски претседател Борис Јелцин го предводеше погребот на посмртните останки на царот Николај, неговата жена и нивните три ќерки, најдени во 1979. РПЦ и дваесет години подоцна одбива да ги прифати резултатите на ДНК-тестовите со кои беше потврдена автентичноста на коските.
Егзекуцијата на царското семејство Романови заедно со нивната придружба се случило на 17 јули 1918 година во Екатеринбург по налог на комунистичкиот лидер Владимир Ленин. Во 2000 година Руската православна црква ги канонизирала како светци членовите на фамилијата Романови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.