Свет
Премиерот на Ирак информира за апсењето на бандата на смртта во Басра
Ирачкиот премиер и врховен командант на вооружените сили, Мустафа ал-Кадими, вчера информира за апсење на т.н. банда на смртта за која се верува дека е одговорна за убиството на активисти и новинари во градот Басра за време на антивладините протести во 2019 година, пренесува „Мидл Ист монитор“.
„Смртоносната банда, која го преплаши нашиот народ во Басра и посеа смрт на нејзините улици и уништи многубројни животи, падна во рацете на хероите на нашите безбедносни сили во рамките на подготовките за фер и јавно судење“, напиша Ал-Кадими на „Твитер“ додавајќи дека сторителите што извршиле убиства ќе бидат казнети и правдата ќе надвладее.
The death squad which terrorised our people in Basra, and killed innocents, are now in the hands of our heroic forces, on their way to a fair trial.
We got the killers of Jinan and Abdulsamad, and we will get the killers of Reham, Hosham, and all others.
Justice will not sleep.— Mustafa Al-Kadhimi مصطفى الكاظمي (@MAKadhimi) February 14, 2021
На крајот на минатиот месец Ал-Кадими вети дека ќе ги казни сите оние што биле вмешани во пролевање ирачка крв, вклучувајќи ги и оние што учествувале во убиството на антивладините демонстранти во октомври 2019 година.
Според официјалните процени, околу 565 Ирачани се убиени во текот на протестите вклучувајќи и безбедносни службеници. Демонстрантите бараа подобрување на услугите, отворање работни места и ставање крај на политичката корупција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Свет
Туск: Европа е во предвоена состојба, следните две години ќе решат сè
Полскиот премиер Доналд Туск оцени дека ситуацијата во Европа е најлоша од крајот на Втората светска војна и апелира до Европејците да сфатат дека војната не е концепт од минатото, туку дека живеат во предвоена состојба, во која секое сценарио е можно и дека во следните две години сè ќе се реши.
„Не сакам никого да исплашам, но војната повеќе не е концепт од минатото. Реално е, почна пред две години. Знам како звучи за луѓето од помладата генерација, но мораме ментално да прифатиме дека доаѓа нова ера. Предвоена ера. Не претерувам“, изјави Туск во интервју за неколку европски медиуми, меѓу кои и полскиот весник „Газета Виборча“.
Тој рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез побарал на самитот на Европската Унија зборот војна повеќе да не се користи во документите на ЕУ бидејќи луѓето не сакаат да се плашат на тој начин, а во Шпанија тоа им звучи апстрактно.
„Она што предизвикува најголем немир денес е тоа што буквално секое сценарио е можно. Ваква ситуација не сме имале од 1945 година. Јас одговорив дека во мојот дел од Европа војната повеќе не е апстрактна и дека наша обврска не е да разговараме, туку да дејствуваме и да се подготвуваме за одбрана“, рече Туск.
Полскиот премиер во интервју за „Газета Виборча“ апелира да го отфрли размислувањето „што ако“ бидејќи главната задача на Западот е да ја брани Украина да остане независна држава со територијален интегритет.
„Иднината на Украина е главно во наши раце. Не се работи само за Полска и ЕУ, туку за целиот Запад. Од нас зависи дали Украина ќе успее да ги избегне песимистичките сценарија. Денес, ситуацијата е многу потешка отколку пред една година, но многу подобра отколку на почетокот на војната кога војниците на Путин стоеја на периферијата на Киев“, изјави полскиот премиер, пренесува „Бета“.
Без разлика кој ќе биде во Белата куќа во следниот мандат, Туск смета дека Европа мора поактивно да ги негува трансатлантските врски и дека е погрешно да се мисли дека е лојална само ако се откаже од воените амбиции или, напротив, дека поради политиката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и антиамериканските чувства во некои европски земји, тие треба целосно да го прекинат сојузот со САД.
„Потребен ни е силен сојуз со САД и во исто време мора да бидеме независни и самодоволни кога станува збор за одбраната. Наша задача е да ги негуваме односите без разлика кој ќе биде претседател на САД. Нема причина Европејците да не го почитуваат основниот принцип и да не издвојуваат најмалку два отсто од БДП за одбрана“, рече Туск.
Полскиот премиер рече дека разбира оти Шпанија или Италија не сакаат да издвојуваат четири отсто од БДП годишно, по примерот на неговата земја.
„Но, два отсто од БДП едноставно мора. Не разбирам како некој може да го оспори тоа. Треба да издвоиме што е можно повеќе за набавка на оружје и муниција за Украина бидејќи живееме во најкритичниот момент од крајот на Втората светска војна. Следните две години ќе одлучат сè. Ако Украина биде поразена, никој во Европа нема да може да се чувствува безбеден“, рече Туск.
Полскиот премиер предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин ја обвинува Украина за терористички напад на концертот во Красногорск и дека, како што наведе, тоа го прави без никакви докази.
„Од историјата знаеме дека Путин користи ваков тип на трагедии за свои цели. Се сеќаваме што се случи по нападот на театарот во Дубровка или училиштето во Беслан. Путин веќе почна да ја обвинува Украина иако не покажа никакви докази. Очигледно е дека треба да оправда уште побрутални напади врз цивилни објекти во Украина“, изјави Туск во интервју за европските медиуми.