Свет
Премиерот на Луксембург е обвинет за плагијат
Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, се соочува со обвинувања за плагијат на завршниот дипломски труд на факултетот.
Бетел, на медиумите кои пишуваат за тоа, реагираше без јасно да ги отфрли обвинувањата.
„ Од денешна перспектива препознавам дека некои работи можеа да се направат поинаку, можеби требаше да се направат поинаку“, изјави премиерот на Луксембург за германската агенција ДПА.
Споменатата дипломска ја работел пред повеќе од 20 години, а, како што додава, тогаш ја работел со најголема совест.
Бетел реагираше на извештајот на онлајн магазинот „Репортер.лу“, во кој се наведува дека неговата дипломска работа од 1999 година за можни реформи на изборниот систем на Европскиот парламент, на 54 од 56 страници, се состои од преземени туѓи текстови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.