Свет
Претседателот Мадуро: Венецуела е со Путин
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека неговата земја го поддржува рускиот претседател Владимир Путин во кризата во Украина, пишува Хина.
„Венецуела е со Путин, таа е со Русија. Таа е со храбрите и праведни работи во светот“ – изјави претседателот Мадуро на телевизија за време на владината седница, откако рускиот парламент даде зелено светло за воената операција во Украина во вторникот.
Стравот од воена ескалација во Украина е на својот врв откако Путин во понеделникот ја призна независноста на сецесионистичките ентитети Луганск и Доњецк во источна Украина.
Мадуро потсети дека неговиот претходник и ментор Хуго Чавез ја поддржал Русија кога ја признала независноста на Јужна Осетија во 2008 година за време на конфликтот со Грузија.
Тој додаде дека САД и НАТО имаат намера да употребат воени средства за да ја затворат Русија.
Рускиот вицепремиер Јуриј Борисов, кој во петокот беше во Каракас, истакна дека Венецуела е „стратешки партнер на Русија во оваа ситуација на растечка нестабилност“.
Во контекст на кризата во Украина, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков не ја исклучи можноста за распоредување на руската војска во Венецуела и Куба.
Москва е еден од главните сојузници на претседателот Николас Мадуро, чиј реизбор во 2018 година не призна дел од меѓународната заедница, особено САД, кои се обидуваат да го соборат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.