Свет
Претседателот на Филипините ќе нареди да ги стрелаат оние што создаваат неволји во карантин
Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, ги предупреди граѓаните дека ќе им нареди на полицијата и војската да го убијат секој оној што создава проблеми за време на карантинот, што е превентивна мерка за да се запре ширењето на коронавирусот.
„Ова предупредување важи за сите – слушајте ја владата, сега најважно е да има ред во земјата“, рече Дутерте во обраќањето до нацијата, што се емитуваше на телевизија, јавија светските медиуми.
„Не обидувајте се да ги повредите здравствените работници, лекарите, затоа што тоа е сериозно кривично дело“, нагласи Дутерте и сериозно го предупреди Филипинците: „Мојата наредба до полицијата и војската е дека ако некој создава проблеми и вашите животи се во опасност: пукајте во нив!“
Во оваа земја се пријавени 2.311 случаи на зараза, починаа речиси 100 луѓе и, според медиумите, граѓаните се собираат и не ја почитуваат наметнатата забрана за движење затоа што се гладни. Оние што протестираат во Филипините велат дека тоа е затоа што немаат работа, пари, немаат што да јадат, а државата не им обезбедува основни продукти за да може да преживеат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Свет
„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад
Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад во градското собрание Крокус поради страв да не ги откријат нивните извори, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на претставници на европската и американската безбедност, пренесува „РИА новости“.
„Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските официјални лица да споделат повеќе информации за терористичкиот заговор поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се вели во написот.
Како што изјави директорот на ФСБ, Александар Бортников, Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија, но тој бил од општа природа. Тој истакна дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.