Свет
Приврзаник на Исламска држава убиен откако со нож нападнал германски полицаец и патник во воз
Германски полицаец што не бил на должност убил момче во воз во Фленсбург во средата вечерта откако тоа го нападнал униформираниот и вооружен полицаец прободувајќи го со нож и сериозно повредил и друг патник, пренесува „Ди велт“.
Полицијата сè уште не потврдила официјално дали зад нападот стои радикален исламски екстремистички мотив, велејќи дека нема докази за поврзаност на нападот со екстремистички групи или идеологија. Но напаѓачот, подоцна идентификуван како Риаз Кан Ахмадзаи (17), не само што бил во контакт со терористичката Исламска држава туку и му било наредено да изврши напад со користење автомобил. Ахмадзај го одбил предлогот бидејќи не знае да вози, па затоа решил да нападне возот.
Полицијата соопшти дека мотивот за нападот останува нејасен, но извори тврдат дека напаѓачот влегол во жестока расправија со друг патник, а полицаецот кој не бил на должност одговорил на повикот за полиција упатен преку разгласот на возот.
Германскиот министер за внатрешни работи и лидер на Христијанската социјална унија, Хорст Сихофер, го коментираше инцидентот посакувајќи им брзо закрепнување на двете жртви и велејќи дека насилството никогаш не смее да се толерира, без оглед дали е насочено против населението или против полицајците.
Нападот потсетува на слични напади што се случија во возовите во Германија во последниве години вклучувајќи го и нападот во возот во Вурцбург во 2016 година што го изврши авганистански азилант, а во кој беа повредени неколку кинески туристи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.