Свет
Припадници на Исламската држава со експлозив ликвидирале сириски војник
Терористите на Исламската држава (ИД) ја извршија можеби најгрозоморната ликвидација на заробен војник досега претворајќи го во човечка бомба.
ИД снимката од варварската егзекуција ја објави на својот канал за пропаганда, а веста потоа ја пренесоа и американските и британските медиуми. Џихадистите на заробениот и врзан војник на сириската армија на главата му поставиле шлем полн со експлозив, заедно со детонатор, кој се активира при удар.
Исто така, неговото тело било имобилизирано со плочи и штици за да падне вертикално. Потоа војникот бил фрлен од зграда паѓајќи со главата надолу. Кога тој паднал на земјата, меѓу урнатините, експлозивот поставен на шлемот се активирал.
Егзекуцијата била спроведена во палестинскиот бегалски камп „Јармук“, јужно од Дамаск, каде што во тек е жестока офанзива на сириските и руските сили. Инаку, Јармук е под контрола на ИД од 2015 година.
Во меѓувреме ОН предупредија дека околу 1.200 цивили биле заробени во овој бегалски камп без храна и лекови, пренесе британски „Експрес“.
„Јармук и неговите жители издржуваат неопислива болка и страдање во текот на годините на конфликтот. Длабоко сме загрижени за судбината на илјадници цивили, вклучувајќи и палестински бегалци, по драматичното зголемување на насилството што трае повеќе од една недела“, изјавил Пјер Кракенбаул, директор на Агенцијата на ОН за палестинските бегалци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење откако девојчето исчезнало. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски Блиц.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски Информер.
– На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ, многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци – рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ, мајката три пати го фотографирала детето од различни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде е на распит за околностите на нејзината исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Свет
Во Таџикистан уапсени девет лица поврзани со масакрот во Москва
Таџикистан уапси девет лица осомничени дека се поврзани со масовното пукање во руската концертна сала минатиот петок, како и милитантна исламистичка група, која ја презеде одговорноста за нападот, изјави таџикистански безбедносен извор за „Ројтерс“. Четворицата осомничени напаѓачи зад најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години се државјани на Таџикистан. Тие беа уапсени со уште седум други осомничени, од кои некои исто така потекнуваат од поранешната советска централноазиска земја.
Одборот за државна безбедност на Таџикистан приведе девет лица во градот Вахдат. Осомничените сега се во главниот град Душанбе, рече изворот, но не даде детали. Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва.
Таџикистан, член на безбедносниот блок предводен од Русија и дом на руската воена база, ги собра семејствата на осомничените напаѓачи за да може да бидат испрашани од руските истражители во Душанбе, изјавија извори за „Ројтерс“.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала, а американските официјални лица рекоа дека имаат разузнавачки информации, кои укажуваат на тоа дека нападот го извршил авганистанскиот разгранок на мрежата, Исламската држава Хорасан (ИСИС-К).
Руските истражители вчера објавија дека пронашле докази оти напаѓачите се поврзани со украински националисти. САД веднаш го отфрлија тврдењето како неоснована пропаганда. Киев остро негира каква било вмешаност во нападот на концертната сала.