Свет
Пронајдени 22 мигранти во камиони на граница со Унгарија
Романската погранична полиција открила 22 илегални мигранти во три камиони. Мигрантите се од Авганистан, Сирија, Либан, Турција и Ирак. Тие биле скриени во посебни прегради во камионите, пренесе агенцијата „Адјерпрес“.
Седуммина мигранти од Ирак, на возраст од 16 до 26 години, биле откриени во камион кој го возел државјанин на Романија на граничниот премин Надлак II со Унгарија.
На истиот граничен премин, но во друг камион биле откриени петмина мигранти од Турција и Ирак.
На преминот РТФ Борс 2 во камион со полски регистарски таблички, кој го возел државјанин на Белорусија биле откриени 10 мигранти од Авганистан, Сирија и Либан, кои барале азил во Романија.
Како што се наведува, во сите случаи полицијата истражува дали возачите на камиони се вмешани во криумчарење луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.