Свет
Протекоа податоци за 1,2 милијарди корисници на Интернет
Личните податоци на 1,2 милијарда корисници на Интернет се нашле незаштитени на еден сервер до кој можел да пристапи било кој со доволно точна веб адреса.
Како што пишува американскиот стручен магазин „Вајерд“, станува збор за незаштитена база на податоци за која не се знае како е креирана, но е јасно дека податоците ги добивала од повеќе извори.
Ја сочинувале податоците на 1,2 милијарда корисници на онлајн сервиси, како социјалните мрежи, а главно се состоела од имиња, имејл адреси и броеви на телефони. Среќа во несреќа е што во базата на податоци немало лозинки, нити податоци за кредитни картички, пренесе порталот „Кликс.ба“.
Незаштитената база на податоци била откриена во октомври 2019 година, а во неа податоците се „тешки“ околу четири терабајти и вклучуваат информации собирани од профилите на Фејсбук, Твитер и Линдкин.
На серверот биле пронајднеи четири милијарди профили и 650 милиони единствени имајл адреси што можеле да се поврзат со 1,2 милијарда вистински лица.
Како што се наведува, серверот веќе не е онлајн и до податоците веќе не може да се пристапи, а случајот бил пријавен во американското Федерално истражно биро (ФБИ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.