Свет
Ја удрил професорката со чекан и ја пробол бидејќи не поминал одличен на полугодие
Професорка по руски јазик и литература во средно училиште во Екатеринбург претрпела тешки телесни повреди кога била нападната од ученик, кој, наводно, бил незадоволен од својот успех на полугодието.
Средношколецот ја начекал професорката кај гаражата и почнал да ја удира со чекан и да ја прободува со нож. Се претпоставува дека мотивот бил гнев, што не му ставила подобра оценка на крајот на полугодието.
За среќа, нападот го видел професорот по физичко образование, кој некако го совладал разбеснетиот ученик, кој ја удирал професорката со чекан. Таа била итно пренесена во болница.
Полицијата спроведе истрага и сите мотиви за ова бизарно злосторство ќе бидат утврдени по истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.