Свет
Про ЕУ-група финансирана од Сорос алудира на обезглавување на кралицата поради брегзит
Британска група што се залага за останување на Британија во ЕУ, наводно финансирана од унгарскиот милијардер Џорџ Сорос, во твит за кој многумина сметаат дека е алузија на англиската граѓанска војна, навести мрачна судбина на британската кралица, пишува „Спутник“.
Англискиот кралот Чарлс Први беше обезглавен во 1649 година, откако им се спротивстави на пратениците во обид да ја наметне надмоќта на монархијата над Парламентот.
Групата „Best for Britain“, која има 47.000 следбеници на „Твитер“, се чини сугерира дека кралицата Елизабета Втора би можела да претрпи слична судбина откако на барање на премиерот Борис Џонсон се согласи да го суспендира Парламентот во период од еден месец помеѓу средината на септември и 14 октомври.
Џонсон истакна дека актуелната парламентарна седница, со 340 дена, е најдолготрајната во последните речиси 400 години и рече дека парламентот треба да биде суспендиран за да може да се воведе нова законодавна програма во говорот на кралицата на 14 октомври.
Од „Best for Britain“, за која се верува дека е финансирана од Сорос, велат дека нема смисла кралицата да го поддржи овој длабоко недемократски, неуставен и фундаментално политички маневар од владата.
„Ако од кралицата била побарана помош, таа би требало да се сети дека историјата не беше премногу љубезна кон монарсите кои помагаат и ја поддржуваат суспензијата на демократијата“, објави на Твитер групата против брегзит.
„Спутник“ не беше во можност да ги потврди наводите за поврзаноста на групата со Сорос.
Кралицата е шеф на државата во Велика Британија, но таа е уставен монарх и ниту еден владетел во современата историја не одбил барање од избрана влада. Поборниците за останување на Британија во ЕУ посочуваат дека Борис Џонсон бил избран за премиер само од членовите на Конзервативната партија и тврдат дека тој нема демократски мандат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат околу 970 милиони гласачи
Денеска започнаа најголемите избори во светот, а околу 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарди жители. Гласачите всушност не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави Дојче веле.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиски сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формираше сојуз од 28 партии наречен Индискиот национален развој инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира откако ќе се разјасни неговата природа.
– Во секој случај, без разлика на се, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејствија што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот – рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала Шахед од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.