Свет
Прстен ископан на Западниот Брег му припаѓал на Понтиј Пилат
Името на римскиот император кој наредил распнување на Исус по неговото судење, Понтиј Пилат, е дешифрирано на прстен пронајден за време на ископувањата на тврдината Херодион во близина на Витлеем пред 50 години, непосредно по Шестдневната војна, пишува „Хаарец“ цитирајќи го извештајот на „Израел експлорејшн џурнал“.
Прстенот бил еден од илјадниците предмети пронајдени при ископувањата предводени од професорот Гидеон Форстер од Еврејскиот универзитет во Ерусалим, но познатото историско име било препознато дури сега како резултат на темелно чистење на прстенот и негово фотографирање со специјална камера во лабораториите на Израелскиот оддел за антиквитети.
Записот на прстенот за печат се состои од слика на вински сад со збор на грчки преведен како „Пилат”, што веднаш било поврзано со презимето на римскиот управител од Новиот завет.
Се верува дека прстен печат од овој вид е знак за статусот во римскиот период, на кој му припаѓал Пилат. Од друга страна, името Пилат било ретко во Израел во годините на владеењето на Понтиј Пилат, од 26 до 36 н.е., велат истражувачите, додавајќи дека очигледно станува збор за моќен гувернер.
„Не знам за друг Пилат од тој период, а прстенот покажува дека тој бил личност со висок статус и богатство”, вели професорот Шварц.
Прстенот изгледа едноставно, па се смета дека тој бил за секојдневна употреба на гувернерот или од некој од неговиот круг да потпишува документи во негово име.
Имало уште едно извонредно откритие во израелската археологија во 20 век со името Пилат, кое исто така му се припишува на озлогласениот гувернер. Тоа е камен со сугерирачки натпис на него, пронајден исто така во 1960-тите.
Тврдината Херодион била изградена за време на владеењето на кралот Ирод, а по неговата смрт во првиот век станала огромна гробница, при што се претпоставува дека горните делови на градот биле користени како седиште на градските власти. Еден од нив бил наводно Пилат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.