Свет
Путин до Ким: Подготвен сум лично да се сретнам со вас
Рускиот претседател, Владимир Путин, упати порака до севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, дека е подготвен набргу лично да се сретне со него.
Ваквата порака Путин ја испратил во денешната телеграма упатена до двете Кореи заедно со честитката по повод Денот на ослободувањето.
„Ве уверувам дека сум подготвен да се сретнам со вас во блиска иднина и да разговараме за проблемите во врска со билатералните односи, но и важните регионални проблеми“, посочил рускиот претседател во телеграмата до Ким, објави новинската агенција КЦНА.
Рускиот претседател посочил дека Москва и Пјонгјанг може да имаат заемна соработка бидејќи двете змеји биле пријателнски насторени. Претходно и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун испрати писмо до рускиот колега во кое беше истакнато дека Северна Кореја сака контакти на високо ниво со Русија.
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, пред само неколку месеци го прими рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во својата резиденција во Пјонгјанг.
Лавров беше првиот официјален претставник на Русија што се состана со водачот на Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.