Свет
Путин и Трамп ќе се сретнат во петок
Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе разговараат на маргините на самитот на Г20 во петок во Јапонија, рекол дипломат на Кремељ.
Тоа ќе биде прва официјална средба на двајцата лидери во речиси една година. До средбата доаѓа во моменти на растечка напнатост во врска со Техеран. Трамп се закани со напади кон Иран, како одмазда откако Техеран ги обвини за напад на два нафтени танкери во Ормушкиот теснец, додека пак Иран собори американско беспилотно летало.
Техеран ги отфрла обвинувањата за нападите на танкерите и тврди дека американското беспилотно летало го нарушило иранскиот воздушен простор.
Дипломатот Јуриј Ушаков изјавил дека двајцата претседатели најверојатно ќе расправаат за стратешката стабилност и бројните регионални судири, вклучително и за Сирија, Венецуела и Иран. Вашингтон се уште не го потврдил датумот на средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.