Свет
Путин надгледувал воена вежба на која ракета се заглавила во цевката на подморница
Руска нуклеарна подморница минатата недела се откажала од тестирањето на интерконтинентални балистички ракети на воена вежба која ја следел и претседателот Владимир Путин, објави денеска руското Mинистерство за одбрана.
Нуклеарната подморница К-44 Рјазан, дел од руската пацифичка флота, требало на 17 октомври да лансира две балистички ракети Р-29Р во Охотското Море. На крајот, таа успешно лансирала само една ракета, додека другата останала во цевката на подморницата, објави весникот „Ведомости“.
Инцидентот се случил истиот ден кога Путин ги следел вежбите од командниот центар во Министерството за одбрана во Москва.
Акцијата во Охотското Море била дел од поширока вежба на руските вооружени сили, позната како „Гром 2019“, со цел да се тестира подготвеноста на силите при евентуален нуклеарен конфликт.
Министерството за одбрана денеска го потврди инцидентот со балистичката ракета, но го отфрли тврдењето на весникот „Ведомости“ дека неуспешното лансирање на втората ракета предизвикало „вонредна состојба“, јавуваат руските новински агенции.
Во вежбите на рускиот далечен исток и далечен север од 15 до 17 октомври учествувале повеќе од 12.000 војници, повеќе од 100 воени летала и пет подморници, соопшти министерството.
Вежбата се одвивала во водите на Баренцовото, Балтичкото, Црното и Охотското Море, како и Каспиското Езеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.