Свет
Путин: Ние сме гарант на уставниот поредок на Австрија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американските трупи во Германија сè уште се окупаторски сили и во правна смисла и во пракса.
„Советските трупи беа стационирани во Австрија, но тие заминаа доброволно. Русија, како правен наследник на Советскиот Сојуз, е гарант на уставниот поредок на Австрија и неговата неутралност. Многу обични луѓе во Австрија се свесни за тоа и се благодарни на Русија за оваа позиција. Што се однесува до другите европски земји, ситуацијата е комплицирана“, рече Путин на средбата со студентите.
Путин рече дека Германија е „најголемата земја во Европа и економски гигант“ и додаде дека Советскиот Сојуз го „официјализирал крајот на окупацијата“ на таа земја за разлика од САД, пренесува ТАСС.
„По Втората светска војна, Германија беше поделена на четири сектори: американски, британски, француски и советски. Советскиот Сојуз го формализира крајот на тој окупациски статус, но САД не. Строго кажано, формално и во правна смисла, американските окупациски сили се наоѓаат на територијата на Германија и таму ги има многу“, рече Путин.
Тој додаде дека „самите германски политичари велат оти Германија никогаш не била суверена земја во целосна смисла на зборот по Втората светска војна“.
Путин денеска изјави и дека европските земји „порано или подоцна, ќе го вратат својот суверенитет“, но додаде дека тоа може да потрае, пренесе „Аваз.ба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони кои ќе бидат наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации Хоризонт Европа од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.
Телото на Данка се уште не е пронајдено.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.