Контакт

Европа

Разрешена бестрашната романска обвинителка Лаура Ковеси, ЕУ и САД реагираат

Објавено пред

Обвинителката од која стравуваше цела Романија, Лаура Кодруца Ковеси, повеќе не е на чело на Специјалното јавно обвинителство (ДНА). Романскиот претседател, Клаус Јоханис, потпиша указ за разрешување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Лаура Кодруца Ковеси, по решение на Уставниот суд од мај годинава.

dobivaj vesti na viber

„Одлуките на Уставниот суд треба да бидат почитувани во држава што го почитува владеењето на правото. Претседателот издаде указ за отстранување на главниот обвинител од функцијата“, изјави портпаролката на претседателот, Мадалина Доброволски.

Ковеси, по указот на романскиот претседател Клаус Јоханис, со кој ја отстрани од раководната функција во Националната дирекција за борба со корупцијата (НДБК), на прес-конференција рече дека во моментов нема политичка волја за независно правосудство. Таа им порача на граѓаните дека корупцијата може да биде поразена.

„Корупцијата може да биде поразена, не откажувајте се“, изјави таа на прес-конференцијата.

Министерот за правда, Тудорел Тодер, побара отстранување на Ковеши во февруари, велејќи дека ги надминала нејзините овластувања и го оштетила имиџот на земјата во странство. Неговото барање собра илјадници демонстранти на улиците, кои го кренаа гласот против корупцијата.

Ковеси е на чело на НДБК од 2013 година, а претходно беше јавен обвинител на Романија. Под нејзино раководство, НДБК достигна голем број осудителни пресуди за корупција на лица на високи државни функции и доби пофалби од ЕУ, која го набљудува романскиот правен систем.

Ковеси претставувајќи го годишниот извештај на почетокот на годинава, наведе дека лани  пред судот се изведени 1 000 функционери под обвинение за корупција. Помеѓу нив има тројца министри, шест пратеници и поранешен претседател на парламентот. Директоратот кривично гонел 713 функционери, вклучувајќи и 28 градоначалници, 38 директори на јавни институции и еден сенатор. Обвинителите во последните години истражуваа голем број романски функционери за судир на интереси, злоупотреба на службена положба, како и примање мито. Сепак, корупцијата во Романија е и понатаму голема, предупреди Ковеси и додаде дека некои директори на болници земале милиони евра мито, а злоупотребите на ЕУ фондовите биле двојно зголемени. Претседателот на Романија, Клаус Јоанис, ѝ честиташе на обвинителката и ја пофали нејзината работа.

Европската комисија и САД реагираа за отстранувањето на главниот обвинител на Националната дирекција за борба со корупцијата во Романија потенцирајќи дека државата треба да продолжи да се бори против корупцијата.

Европската комисија ја предупреди Романија дека ако резултатите од борбата со корупција во државата се влошат по отстранувањето од раководната позиција во Националната дирекција за борба со корупцијата Лаура Кодруца Ковеси, тоа ќе биде земено предвид.

„Не коментираме за решенија поврзани со националните судски системи. Во неколку наврати забележавме колку е важно судскиот систем во Романија да биде независен, за да има моќ да се бори против корупцијата“, додаде портпаролот.

Американската амбасада во Букурешт реагира на одлуката за отстранување на главниот обвинител на НДБК Ковеши, потенцирајќи дека Романија мора да продолжи со борбата против корупцијата. „Амбасадата на САД ја потврдува посветеноста да ја поддржи борбата против корупцијата. Романија е регионален модел во однос на антикорупциската борба. Ја повикуваме Романија да ги задржи и да ги поддржи своите силни институции за борба против корупцијата“, изјавија од Амбасадата.

Новото раководство на Социјалдемократската партија со месеци се обидуваше да ја разреши Ковеши, на чиј удар се најдоа неколкумина видни членови на партијата, вклучувајќи го и поранешниот партиски лидер за изборни нерегуларности. Владејачката партија ја обвинува дека како шеф на Специјалното јавно обвинителство (ДНА), води случаи кои биле политички мотивирани.

Лаура Ковеси е ќерка на поранешен јавен обвинител, а мајка ѝ била професорка по романска книжевност.Таа имаше само 33 години кога дојде на функцијата Јавен обвинител на Романија во 2006 година. По два мандата од по три години, во 2013 година се искачи на највисокото скалило во правосудството, кога беше именувана за шеф на Романскиот антикорупциски директорат или ДНА, институција која беше формирана да се бори со корупцијата во врвот на државните институции и власта во годините кога Романија се подготвуваше да ѝ се придружи на Европската Унија. Оттогаш, таа процесуираше обвиненија за корупција против романските водечки политичари од сите партии: поранешната министерка Елена Удреа, градоначалникот на Букурешт Сорин Опреску, братот на експретседателот Трајан Басеску, кој беше уапсен кога Басеску сè уште беше шеф на државата, и лани во септември почна постапка против тогашниот премиер Виктор Понта, кој потоа си поднесе оставка.

ДНА на чело со Ковеси за неполни две години отвори околу 6 000 предмети, а против повеќе од 1 200 лица се подигнати обвиненија за случаи на корупција. Во 2015 година почнати се судски процеси против експремиерот Понта, пет министри, пет сенатори, градоначалници, судии, полицајци, директори. Минатата година специјалното обвинителство нареди конфискација на 494 милиони евра, колку што ѝ било нанесена штета на државата. Романската ДНА има околу 500 вработени, од кои 140 обвинители, 190 полицајци, 50 експерти.

„Знам дека има многу шеги за мене. Има една интернет-страница која постојано објавува вицеви и таму за мене пишува дека јас не пијам кафе наутро, туку корумпирани солзи. Дека јас не ја бојадисувам косата со фарба, туку со корумпирана крв. Дека ако некој ми подари нешто, не го прифаќам подарокот затоа што не сум добила и фискална сметка со него и ја апсам таа личност. Се чудам кога ги читам овие работи за себе. Јас немам три глави и пет раце. Немам ни супер моќ. Немам ни магично стапче. Јас сум човек како и секој друг, жена како и секоја жена на моја возраст“, вели Ковеси во едно од интервјуата дадено за медиумите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“

Објавено пред

Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.

dobivaj vesti na viber

Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.

Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.

Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.

Прикажи повеќе...

Европа

Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина

Објавено пред

НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.

dobivaj vesti na viber

„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.

„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.

Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Катастрофални поплави во Русија, куќи под вода, илјадници евакуирани

Објавено пред

Поради последиците од големите поплави, во Русија се поплавени околу 18.000 домови, додека реката Тобол во областа во близина на границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво. Државната новинска агенција Тасс објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена.

dobivaj vesti na viber

Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир беа најтешко погодени од катастрофални поплави во близина на јужната граница со Казахстан. Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа. Курган се подготвува за рекорден водостој и за големи поплави, изјави министерот за вонредни состојби Александар Куренков, кој рече дека нивото на водата се зголемува и во блиската област Тјумен во Сибир.

Во моментов има приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе во опасност од поплави. Во четвртокот властите евакуираа 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортираа на безбедно. По обилните дождови и невообичаено снежната зима, Русија оваа година се бори со исклучително тешки сезонски поплави.

Жителите на погодените подрачја ги обвинуваат властите дека доцна преземаат мерки за нивна заштита и дека не реагираат доволно брзо. Слични поплави ги погодија областите преку границата во соседен Казахстан, каде властите претходно почнаа да ги евакуираат луѓето. Досега од таа област се евакуирани повеќе од 100.000 жители.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Топ2 часа

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка...

Свет2 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет2 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија3 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија3 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет3 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет3 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија13 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија13 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија13 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија15 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија18 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија23 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија23 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија23 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет1 ден

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...